Партнерите кои не разговараат за односот се несреќни

1061

Истражувањата покажале дека „држењето во себе“ има многу полоши последици во врската, одошто огнените мислења и аргументи.

Според психолозите Дејвид Максфилд и Џозеф Грени кои патем се се автори на книгата ‘Crucial Conversations’. во врска се прават големи грешки токму поради премолчувањето .

Максфилд и Грени направиле истражување со 935 лица во сериозни врски, испитувајќи ги како се носат со конфликтите и несогласувањата со партнерите. Многу парови се воздржуваат од изразување на своите емоции кога се гневни еден на друг, затоа што се плашат дека ќе започне расправија, која ќе доведе до прекинување на врската.

Но, така прават уште поголема грешка. Лицата што разговараат за љубовните односи, имаат за 10 пати поголеми шанси да бидат среќни во своите врски, отколку поединците што не го прават тоа. Од друга страна, лицата што го држат незадоволството во себе, а своите партнерки ги обвинуваат за недостаток на разговор, многу почесто биле несреќни во врските.