Со повисоки температури и суша, ќе има се повеќе полен од растенија како амброзија/ајдучка трева.
Како што се загрева планетата, велат научниците, сезоната на алергии започнува порано и трае подолго, а според извештајот на американската организација Climate Central, во просек сезоната на растење – периодот помеѓу последниот мраз во пролетта и првиот мраз во есента – се продолжи во САД за 14 до 16 дена.
Како дел од истражувањето, беше анализирано како повисоките температури влијаеле на сезоната на алергии во 203 американски градови од 1970 година, пренесува CNN.
Во Атланта, бројот на полен се искачил на „исклучително високо ниво“ во понеделникот, најрано во последните 30 години водење евиденција, а до вторникот бројот на полен на дрвјата е двојно зголемен.
Понатаму на север во главниот град на САД, Вашингтон, првото „високо ниво“ на полен од дрвја се појави оваа година пред повеќе од еден месец на 8 февруари, што е највисоко забележан број толку рано во сезоната.
Поленот експлодирал од растенијата многу порано од вообичаено, по исклучително топол февруари. Но, ова не се изолирани трендови.
На запад од САД, сезоната на растење е во просек подолга за 27 дена, а во градот Рено во Невада дури 99 дена.
Поради климатските промени, сега гледаме порана и подолга сезона на растење на растенијата, кои се разбира произведуваат полен, кој е непријател на многумина кои страдаат од алергии на полен – како и од алергии на мувла, изјави метеорологот Lauren Casey од Climate Centrala за CNN.
Кога растенијата се размножуваат, обично во текот на пролетта, многумина ослободуваат ситни зрна полен што ги носи ветрот. Поленовите зрна се доволно мали за да се вдишат, а имунолошкиот систем на некои луѓе има проблеми со ситните честички.
Според американските центри за контрола и превенција на болести, повеќе од 24 милиони луѓе во САД имаат респираторни алергии предизвикани од полен.
Подолгото и порано започнување на сезоната на полен може да предизвика проблем со јавното здравје, предупредуваат научниците.
Со се повисоки температури и суша поленот на растенијата како амброзија ќе има се повеќе и повеќе.
Поленот што го носи ветерот игра важна улога во опрашувањето на растенијата и е тесно поврзан со промените во температурата и врнежите.
Како што пролетните сезони стануваат потопли поради климатските промени, растенијата би можеле да произведуваат полен многу порано и подолго отколку сега.
Растителниот полен не е единствениот предизвикувач за сезонски алергии.
Мувлата, исто така, може да биде алерген за некои луѓе и може да ги влоши сезонските алергии, се вели во извештајот, а потопло и повлажно време, услови кои стануваат се почести на многу локации поради климатската криза, се поволни за раст на мувлата.
Кејси истакнува дека климатската криза ја зголемува веројатноста за екстремни врнежи од дожд, кои обезбедуваат клучна влага за растот на мувлата.
Извештајот ја нагласува врската помеѓу алергените и бурите со грмотевици, за кои научниците велат дека поефикасно ги шират спорите на поленот и мувлата низ воздухот.

Проблемот со поленовите зрна е што кога ќе се навлажнат, тие пукаат и се распаѓаат на помали честички наречени субполенски честички, вели Casey. Овие помали парчиња полесно се распрснуваат од ветрот кога се сушат и полесно влегуваат во носот.
Д-р. Mitchell Grayson од Фондацијата за астма и алергија на Американскиот совет за медицинска наука и шеф за алергија и имунологија во Детската болница „Nationwide“ рече дека видел дека алергиите на полен се појавуваат порано.
„Општо земено, можеби гледаме луѓе малку порано во пролетта со симптоми, значи во средината на февруари, од она што во минатото можело да биде со почеток на март, но во тоа има значителна варијабилност од година во година“, тој изјави за CNN.
Не сум видел полоши симптоми, но сум во болница која обезбедува специјалистичка нега и гледаме луѓе со сите опсези на сериозност на симптомите.
Третманот за алергии нема да се промени, дури и ако сезоната е подолга, рече Grayson, но важно е да знаете на што сте алергични и да знаете каде се тие предизвикувачи во околината.
Grayson препорачува да останете во затворени простории, особено во раните утрински часови или доцните попладневни часови кога повеќето растенија испуштаат полен, затворени прозорци за да се намали изложеноста на честичките од полен, а за луѓето кои користат антиалергиски лекови, важно е навременото започнување на терапијата.



















