Експертите штотуку ја откриле опасноста по нашето здравје од пожари, дури и кога се оддалечени илјадници километри

1101
Посетител покажува кон огнот во Cameron Peak, најголемиот пожар во историјата на Colorado, 16 октомври 2020 година.

Лошата вест е дека се очекува климатските промени да доведат до почести, поголеми и уште поинтензивни пожари во наредните децении.

За жал, пустошот што го оставаат пожарите не е крај на проблемот. Облаците чад што ги предизвикуваат навистина можат да бидат поразителни, но за тоа не се зборува доволно.

Имено, тие во моментов се доволно големи за да создадат свои временски (не)прилики, да покријат цели континенти и да го обојат небото во портокалово или сиво, тврдат авторите од порталот Business Insider.

Чадот што произлегува од сегашните пожари во западниот дел на Соединетите држави, Канада, Грција, Турција, Италија, Шпанија, Алжир и Сибир е всушност толку голем што дури и астронаутите од вселенската станица можат да го забележат.

Опасност по здравјето, дури и долго време по пожарот

Шумските пожари во Калифорнија и Орегон затемнија дел од небото и доведоа до предупредување за квалитетот на воздухот во New York и Бостон, исто како и минатото лето, пишуваат авторите на тој портал.

Така, сибирските пожари испратиле облаци чад и пепел на Северниот пол, над три илјади километри подалеку, а потоа и во Канада и на Гренланд.

Секојпат кога ќе избие голем пожар, чадот може да се издигне високо во атмосферата, каде што ветровите можат да го носат илјадници километри. И сѐ така, додека временските услови не го вратат назад кон земјата, што претставува опасност по здравјето.

“Поради оваа причина, дури и луѓето што живеат во области со релативно добар квалитет на воздухот одеднаш можат да бидат изложени на загадување што е многу пати поголемо од вообичаеното. Значи, во тој момент тие можат да бидат изложени на нивоа што се многу штетни за здравјето”, напомена експертот за животната средина Jesse Berman.

Сателитски снимки покажуваат како чадот се шири над Република Саха (Јакутија) во источна Русија на 8 август 2021 година. NASA Earth Observatory/Joshua Stevens

Екстреми и пожари ќе има уште повеќе

Лошата вест е дека се очекува климатските промени да доведат до почести, поголеми и уште поинтензивни пожари во наредните децении.

Новиот панел на ОН за климатските промени предупредува дека „времето на пожари“ најверојатно ќе се зголеми до 2050 година во Северна Америка, Централна Америка, делови од Јужна Америка, Медитеранот, Јужна Африка, Северна Азија, Австралија и Нов Зеланд.

Каде и да оди, чадот од огнот го исполнува воздухот со микроскопски честички од изгорениот материјал и придружните хемиски реакции.

Познати како PM2.5, овие честички продираат длабоко во белите дробови и влегуваат во крвотокот.

Пожарите му помагаат на коронавирусот

Центрите за контрола и превенција на болести предупредуваат дека чадот може да го направи лицето повеќе склоно кон инфекции на белите дробови, што вклучува инфекција од „Ковид-19“, бидејќи секое оштетување на слузницата на белите дробови нуди повеќе можности за инфилтрација на вирусот, истакнуваат авторите на статијата.

Долгорочни студии го поврзаа загадувањето на честичките PM2.5 со зголемен ризик од срцев и мозочен удар.

PM2.5 честичките исто така можат да го ослабнат имунолошкиот систем, а една неодамнешна студија поврза околу 19.000 случаи на заболување од КОВИД-19 на Западниот брег со чад од пожар минатото лето.

Исто така, во научен труд објавен минатата недела, беше пронајдена корелација помеѓу високите нивоа на загадување со PM2,5 и скокови во бројот на нови случаи на корона инфекции ширум Калифорнија, Орегон и Вашингтон.