Нега на косата во зимскиот период од годината

94

Во текот на зимата треба да ја негувате косата исто како и во летните денови, бидејќи не ја оштетува косата само сонцето или високите температури.

За да го зачувате сјајот на вашата коса треба да го направите следново:

  • Секогаш кога ја миете косата користете балсам кој ќе ја потхранува косата.
  • Пред да излезете од дома убаво исушете ја косата, затоа што влагата во воздухот ќе ја оштети.
  • Барем еднаш во неделата направете маска од загреано маслиново масло со сок од лимон, која ќе ја нанесете на коренот и влакното на косата и ќе ја оставите да дејствува 15 минути. Потоа само исплакне те ја сотопла вода.
  • Секогаш кога се многу ниски температурите носете капа, затоа што таа најдобро ќе ја заштити вашата коса од влагата и студот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.