Малку по малку есента започнува да потсетува на своето доаѓање. Деновите стануваат пократки, температурите почнуваат да се намалуваат, а ние веќе ја чувствуваме разликата во рутината и колку несоодветна станува таа.
Доаѓа крајот на кадриците на плажа и безгрижните денови, во кои се оправдани лежерните фустани во канцеларија со топлото време.
Време е да погледнеме во она што е останато од облеката од минатата година и да процениме што е потребно да се купи.
На ист начин е редно да направиме “ревизија” на козметичкиот режим и да ѝ пријдеме одговорно на својата кожа, коса и тело.
Подгответе се, есента доаѓа!
1. Исчистете ја четката за коса
Тоа не е квантна механика, равенката е многу едноставна – чистата четка значи чиста коса. Ако не можете да се сетите кога последен пат, сте хги исчистиле инструментите за вашата коса, тогаш сигурно е дојден овој момент. Нечистотијата, кожата и маслата може да се насоберат на инструментите и потоа да се налепат директно на вашата коса.
2. Исфрлете ја старата козметика
Сите жени имаат еден од оние несесери, во кои има исклучително многу козметички производи. На кого му требаат пет спирали за трепки, под услов се користи само една, а останатите стојат таму … за престиж. Извадете сè и проверете ги роковите на траење – колку и да ви е омилено едно нешто не е здраво да се користи по впишаниот рок за употреба.
3. Исчистете ги четките за шминка
Исто како кај четките за коса, но овој пат уште со поголем императив. Валканите додатоци со кои нанесувате шминката на лицето може да ги затнат порите и да ви создадат големи проблеми со кожата. Користете бебешки шампон или течен производ кој е строго заштитувачки.
4. Применете маска
По летните одмори и месеци, косата обично е значително оштетена. Ова се должи на силното сонце, морската вода и влажноста. Нанесете маска со кератин, која ќе го закрепне вашето влакно.
5. Маска за лице
Најдобар начин да се исчисти добро лицето е да користите специјализирана маска. Изберете го вашиот производ врз основа на индивидуалните карактеристики на кожата, а задолжително потоа користете хидратантен производ со кој ќе се заврши процедурата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















