Експертите предупредуваат | Чистотата сега е исклучително важна, но не собирајте средства за дезинфекција

1140

Нема потреба да се користи средство за дезинфекција за заштита од коронавирус, велат германските експерти. Само редовно мијте ги рацете со сапун и вода.

„Коронавирусот е вирус што лесно може да се „симне“ од рацете, само треба темелно да се измијат“, вели д-р Iris Chaberny, директор на Институтот за хигиена при Универзитетската болница во Leipzig.

Тaa забележува дека „повеќето луѓе не треба да купуваат на ангро средства за дезинфекција“.

Не само што е непотребно, туку може да биде и опасно за оние кои се сериозно болни.

“Средствата за дезинфекција често и итно се потребни на друго место, медицинскиот персонал има потреба од нив, не мора поради коронавирусот, туку поради борбата против другите патогени. Многу работи во болниците треба итно да се направат и нема време за темелно миење раце”, изјави Chaberny.

За некои луѓе, заштитата од патогени е клучна во нивниот дом, на пример, пациентите со рак по хемотерапија.

„Би била вистинска катастрофа ако останат без дезинфекција бидејќи се распродадени во паника“, рече таа.

Таа, исто така, предупреди да не се прават средства за дезинфекција дома според онлајн рецепти. Честопати нема хидратантна состојка во тие препарати „направи сам“.

„Тоа ќе ви ги исуши рацете, ќе бидат испукани, а со само тоа ќе се создадат услови за населување на патогени“, додаде Chaberny.