Јаглехидратите после тренинг го забрзуваат заздравувањето

930

Консумирањето јаглехидратни оброци после тренинг може да биде од корист за здравјето.

Според истражувачите негативните промени во имунолошкиот систем кои се јавуваат после тренинг, можат да бидат избришани преку потрошувачката на јаглехидрати. Тоа треба да се случи веднаш по физичката активност. На овој начин се забрзува заздравувањето.

Специјалистите дополнуваат дека не сите спортови имаат потреба оф јаглехидрати и не е препорачливо по кој и да е тренинг. Овој чекор е потребен најмногу кај високоинтензивните и долготрајни тренинзи – 90 минути или повеќе.

Меѓу сите стратегии кои вклучуваат храна, чија цел е помагање на имунитетот за време на обновата после тренинг, јаглехидратите се најефективни. Причината е дека тие го одржуваат нивото на шеќерот во крвта, а кога тие се стабилни, се намалува одговорот кон стресот. Тој доведува до несакано активирање на клетките на имунолошкиот систем.

Мускулите имаат заштитен механизам, кој ги штити од понатамошно оштетување на ткивото дена по вежбите.

Истражувањето е објавено во списанието Journal of Applied Physiology.