Трикови за воспитување без казнување

121

Казните ја нарушуваат самодовербата на децата, сметаат експертите и предлагаа воспитни методи, кои ќе му укажат на детето на грешките и ќе му помогнат здраво да расте. Следуваат некои од нив…

Детето можеби ќе сфати што родителот сака да му каже, бидејќи стравот од казната може да биде ефикасен, но тоа нема да помогне во здравото растење, вели психологот Наталија Станковиќ од хрватскиот Психолошки центар „Развој“ и предлага алтернативни казни.

  1. Препознајте ги потребите на детето.Утврдете што е причината за лошото однесување. Имајте реални очекувања, бидејќи не е реално детето мирно да седи, додека вие еден час го пиете кафето.
  2. Прифатете ги емоциите на своето дете.Прифатете ги и пријатните и непријатните емоции, бидејќи сите се потребни за здрав емоционален развој.
  3. Пред реакцијата размислете за своите чувства.Земете воздух и размислете зошто однесувањето на детето ве лути. Бидете свесни дека тоа не е одговорно за вашите чувства.
  4. Доколку сте многу вознемирени, тргнете се настрана.Дури откако ќе се смирите, одлучете рационално што ќе биде вашиот следен чекор.
  5. Појаснете му на детето, зошто нешто барате.Имајте ја предвид возраста на детето и што тоа може да разбере, а што не. Кажете му како неговото однесување влијае на вас.
  6. Пронајдете алтернатива и јасно кажете, кои се вашите очекувања.Наместо „Не трчај“, кажете „Оди пополека“. Наместо „Немирен си“, кажете „сакам да ме слушаш кога ти се обраќам“.
  7. Дајте му избор и дозволете да учи од сопственото искуство.Дозволете му на детето само да одлучува со кого ќе си игра, колку ќе јаде, што ќе облече…
  8. Подгответе го детето.Појаснете му како очекувате да се однесува на гости или што може да избере во продавница.