Во архиви во Полска пронајдени се записи за вистинскиот Џејмс Бонд 

1478

Полјаците беа изненадени од веста дека британски агент по име Џејмс Бонд бил во тајната служба на Нејзиното Височество во Полска во 60-тите години на минатиот век, што на своите социјални мрежи го објави полскиот институт за национално сеќавање (IPN).

Според архивата на полскиот институт, Џејмс Бонд дошол во Полска на 18 февруари 1964 година и бил вработен како архивист на војното атеше во британската амбасада. Наскоро бил забележан од полските контраразузнавачи.

„Знаеме дека бил во 1964 и 1965 година, патувал малку по Полска, многу сакал жени, како и неговиот измислен имењак, но нема ниту збор за Мартини“, изјави директорот на ИПН, Марзена Крук за Ројтерс. “Мартинито е омилениот пијалак на измислениот лик, но имаме информации дека му се допаднало и полското пиво“, додава тој.

Бонд бил под строг надзор, посетувајќи ги регионите Бјалисток и Олстин во североисточна Полска за да се обиде да „навлезе во воените објекти“ во Советската сателитска држава, стои во документите.

Тој не воспоставил контакти со полските граѓани. Сите Полјаци, осомничени дека работеле со агенти од другата страна на железната завеса, би претрпеле сериозни последици.

Британскиот таен агент 007, создаден од авторот Јан Флеминг, се појави на филмското платно во 1962 година во филмот „Dr.No“ со Шон Конери во главната улога.

„Можеби малку се пошегуваа со полското контраразузнавање“, изјави Крук.