Кога болното грло укажува на коронавирус и на кои знаци треба да посветите внимание?

2765

Основните симптоми за коронавирус се висока температура и сува, упорна кашлица, тврдат експерти. Сепак, можете да бидете во ризик од Ковид-19 доколку чувствувате и болки во грлото.

Болното грло е една од раните, благи симптоми за коронавирус.

Иако болката во грлото е чест симптом за настинка и обично нема потреба за грижи, сепак некои лица заболени од коронавирус пријавија болка во грлото како симптом на инфекцијата.

Ако одеднаш развиете симптом на болно грло најдобро е да се изолирате на 14 дена за да спречите можност од ширење на инфекцијата на други лица.

Сепак, воспаленото грло има поширок спектар на симптоми од самото чувство на болка.

Црвенило во грлото, непријатен здив, оштетени жлезди на вратот, се само некои од пропратните симптоми на болно грло.

Како и кај останатите благи симптоми од коронавирус, така и болките во грлото не доѓаат сами, па важно е да не паничите доколку чувствувате и главоболка.

Вообичаени симптоми на коронавирус се слабост, температура, кашлица, главоболка, па и болно грло – овие симптоми обично одат заедно, а не самостојно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.