Како да дознаете дали излегувате со психопат?

975

Поимот “психопат” звучи доста загрижувачки, така што веројатно би сакале да знаете дали излегувате со таков.

Научниците можат да ви помогнат, бидејќи неодамна направија ново истражување кое покажува кои луѓе се посклони да поседуваат психопатски склоности. Едноставно е: видете внимателно како зеваат!

Минатиот месец во списанието „Personality and Individual Differences“ беше објавено истражување во кое учество зеле 135 студенти. Тестот има за цел да го покаже нивото на психопатија кај поединците, ставајќи ги во различни ситуации. Излегува дека луѓето кои не се проѕеваат, откако некој тоа ќе го направи, биле повисоко во психопатската карта.

Психопатијата е асоцијална “болест”, што се карактеризира со отсуство на емоционалност.

“Асоцијалните луѓе можат да манифестираат емоции како агресија и дури и насилство, додека психопатите не покажат никакви емоции”, објасни авторот на студијата Брајан Радел.

И откако самите психопати не доживуваат емоции, тие не можат и да ги пресретнат оние на другите, како и да реагираат на нивни манифестации – во случајот на зевање, што како што знаеме е “заразно”.

* Треба да се има на ум дека ако еден човек не се прозева, тоа не значи несомнено дека е психопат. Сепак внимавајте на однесувањето на луѓето околу вас и имајте едно на ум, ако во друштвото има човек кој е емоционално дистанциран, самодоволен, премногу нарцисоиден и згора не се не се прозева, дури и кога ќе се отвори уста спроти него!