Доколку ви останале неколку слободни денови и не сакате да изгубите неколку часови онлајн, во потрага по совршеното место за вашата идна дестинација од соништата, дозволете им на ѕвездите да одлучат наместо вас.
Овен
Овните се авантуристички типови кој не се заморуваат, па затоа Мауи е совршената дестинација за нив. Хавајскиот остров, кој е втор по големина, има бескрајни патеки за пешачење кои се интересни за истражување, долги плажи за сурфање и уште многу нови активности за оние кои бараат возбуда. Помалку активните овни, уживаат во искуствени патувања, па ако фестивалот “Burning Man” е на вашата листа за животни желби, слободно закажето го патувањето.
Бик
Бикот е хороскопски знак кој обожава луксуз и сака да ужива во убавите нешта во животот, како на пример попладне поминато во спа и свилена постела. Овој знак е исто така земјен знак, што значи дека ќе треба да се упатите на некое место што е опкружено со природа. Комбинирајте ги овие две и упатете се кон “Mohok Mountain House” во планините “Catskills” во близина на Њујок, каде што ќе можете да заспиете во огромен, удобен кревет откако ќе си го пружите задоволството на дегустирање на листата со врвни вина во нивниот ресторан.
Близнаци
Меркур, планетата на комуникација, владее со овој знак, па не е ни чудно што тие се стремат кон социјални средини. Резервирајте лет за возбудлив град, како на пример Берлин. Можете да го слушнете новиот јазик, да поразговарате со локалните жители и да останете надвор цела ноќ.
Рак
Луѓето родени во знакот рак, се личности кои сакаат домашна атмосфера, па во ретките прилики кога ќе го напуштите вашиот дом, ќе сакате да најдете некое удобно место што ќе ве потсетува на вашето. Раковите се исто така воден знак и ќе бидат во нивниот елемент буквално покрај вода, некаде во близина на океанот. Тие обожаваат да одат боси по песокот, меѓутоа тие исто така сакаат да имаат и простор. Мирна плажа на некое место како Нантакет, каде може да се свиткате во некоја излитена, но шик-колиба што сте ја изнајмиле преку “AirBnB”, е идеалното место за вас.
Лав
Лавовите се познати по нивните силни карактеристики и тие сакаат прослави и возбуда. Доколку сте лав кој сака излегување, ќе ви се допадне забавна дестинација како Ибица, каде ќе можете да танцувате по цела ноќ. Лавовите исто така сакаат историја, па ако не сте тип за забава, земете го во предвид истражувањето на древните замоци во Ирска. Прифатете ги вашите кралски тенденции(лавовите се кралскиот знак во хороскопот) и резервирајте престој во замокот Ешфорд, хотел со 5 ѕвезди кој некогаш бил во сопственост на аристократското семејство Гинис, кое е познато по производството на светскиот бренд пиво “Guinnness”.
Девица
Девиците се восхитуваат на вешти изработки и исклучителни дизајни, па секое патување е истражување за вас. Ќе бидете фасцинирани од чистите и модерно-естетските градови во Јапонија. Вие исто така сте земјен знак и се грижите за вашета здравствена состојба, па некогаш избегнете го градот, резервирајте место и уживајте покрај топлите извори што се наоѓаат во селата.
Вага
Вагите обожаваат да бидат опкружени со уметност и култура(и не им пречи и малку разгалување). Најдете некој луксузен хотел со одличен спа-центар во град како Виена, кој е полн со театри, музеи и можности за уживање во богата храна.
Скорпија
За скорпиите се се врти околу пронаоѓање на нештата што уште никој не ги открил и истражување на сите “дупнатини и шуплини” што една дестинација може им ги да понуди. Пазарите во Мороко ќе ви обезбедат неколку часови на истражување. И бидејќи не ви пречи да останете во една иста облека неколку дена, слободно можете да залутате од патот и да поминете неколку ноќи во кампот “Berber” во пустината Сахара.
Стрелец
Како патник во хороскопот, вие сте склони кон немир и секогаш сте во потрага на вашата следна голема авантура. Иако би биле среќни подрипнувајќи во подвижна приколка додека патувате низ целата држава, вие исто така обожавате и меѓународни патувања, особено некои места што имаат духовно значење, како на пример “Angkor Wat” во Камбоџа или храмовите “Bagan” во Мјанмар.
Јарец
Јарецот е хороскопски знак кој е најмногу ориентиран кон остварување на целите. Вие се туркате самите себеси до работ и сте подготвени да прифатите било каков предизвик. Вие исто така сте земјен знак, па излезете во природа и пријавете се за турата со велосипеди низ Тоскана или заминете на алпинистичката експедиција во Патагонија за која сте мечтаеле со години.
Водолија
Оние родени во знакот на Водолија имаат тенденција да бидат слободни духови кои сакаат да бидат опкружени со луѓе. Вие веднаш ќе се вклопите во град покрај вода со меѓународно чувство и пријателско расположение. Сиднеј, Австралија делува како одлична дестинација за вас.
Риби
Како воден знак, рибите секогаш сакаат многу простор за шетање. За вас дестинација со плажа, како Тулум, може да биде навистина лековита.
Таму можете да избегате од реалноста, пријавувајќи се во центар за јога и уживајќи во сите оние убавини што ги нуди мексиканскиот крајбрежен град.