Астероиди и комети можеби донеле на Земјата инертни гасови

113

Астероиди и комети може да ги донеле на земјата, освен вода и органска материја, од кои потоа се зародил животот, исто така и сите постоечки залихи на криптон, аргон и други благородни гасови.

Ова се вели во написот објавен во весникот Earth and Planetary Science Letters. Покрај азот, кислород и јаглеводороди, атмосферата на Земјата содржи и мало количество т.н. Благородни или инертни гасови – хелиум, аргон, криптон, ксенон и неон.

До средината на 20 в. научниците сметале дека тие се целосно неспособни да се поврзат со други елементи, но сегашни истражувања покажуваат дека ова е можно, но многу тешко.

Ова нивно својство сепак овозможува да се утврди нивното потекло. Проучувајќи ја кометата Чурјомова-Герасименко, до која во 2014 година достигна европската вселенска сонда “Розета” и составот на нејзината “опашка” кој се состои од стопени од сонцето компоненти на нејзината површина, научници утврдиле дека таму се содржи неочекувано многу аргон. Тој бил неколку пати повеќе отколку дури и кај поголеми астероиди и Месечеви примероци доставени на земјата од “Аполо”.

Според научниците, тоа зборува дека сите земни резерви од благородни гасови може да стигнале до нашата планета со комети кои паѓале на површината на Земјата пред 4,2-3,8 милијарди години, при т.н. “Подоцнежно тешко бомбардирање” .

Покрај тоа точното количество на аргон во составот на кометата, помогна да се процени колку аминокиселини се пренесени на Земјата со комети. Нивната маса сочинува околу 600 милиони тони, што е споредливо со вкупната маса на сите живи суштества на Земјата. Токму т.н. супа од овие аминокиселини помогна да се роди животот во примарниот океан на нашата планета, сметаат научниците.

Овие заклучоци ја засилуваат улогата на комета во нивниот “спор” со астероидите за тоа кој бил главен снабдувач на органски материи и инертни гасови на земјата и други блиски планети. На пример според научниците атмосферата и површината на Марс исто содржат во себе траги од аргон, донесен од комети. Соодносот на аргон и деутериум / изотоп на јаглерод / сепак ја одржува и улогата на астероидите.

Според многумина кометите би можеле да донесат на Земјата не повеќе од еден процент од нејзините залихи од вода. За да се реши овој спор ќе биде потребно да има примерок од кометата материја на Земјата. Засега ниедна вселенска агенција не ја планирала испораката на таква материја.