Како тоа ниту еден доктор не открил? Се пожалила на постојана кашлица па добила неверојатна дијагноза |„Лекарот шокиран ме праша само едно…“

238

Девојката мислела дека докторот се шегува бидејќи не можел да поверува дека не знаела за нејзината ретка состојба.

Клер Мек, 19-годишна девојка од Чикаго, неодамна се исекла на бодликава жица и веднаш се упатила кон болницата за да прими вакцина против тетанус. Попат, побарала од доктор совет за кашлица која никогаш не се повлекла и покрај лековите што ги примала.

Лекарите направиле рентген за да проверат да не има случајно инфекција на белите дробови, но она што го виделе во наодите ги изненади.

Лекарката шокирана и ме праша: ‘Дали знаеш дека срцето ти е на десната страна, наместо на левата?’ Бев збунета и почнав да се смеам затоа што не ми се веруваше. Ми објасни дека состојбата се нарекува декстрокардија и дека треба да го известувам матичниот лекар за тоа и постојано ја прашував дали е сериозна затоа што и јас бев шокирана и збунета. Зошто ова не сум го знаела пред мојата 19та година?

Ниту родителите не знаеле

Декстрокардија е многу ретка состојба со која се раѓаат помалку од еден процент од луѓето. И нејзините родители биле шокирани од тој наод.

“Татко ми полуде, а на мајка ми и беше смешно зошто за оваа состојба не сум дознала порано. Никогаш не сум направила рентген на градите, па не ни можев да знам дека моето срце е на спротивната страна. Семејниот докторот еднаш на преглед ми рече дека срцето ми се слуша погласно на десната страна, но очигледно тој едноставно не можел да дијагностицира декстрокардија“, објасни Клер.

Нејзиното видео на TikTok е прегледано повеќе од три милиони пати, пишува The Sun.

@caremack#stitch with @caremack rip to any surgeon that has to do heart surgery on me #dextrocardia #heart #situsinversus #medtok #hospital #er #xray #nyc♬ original sound – Claireeeeee