Лигњи на лешо – рецепт за подготовка на лигњи на лешо

2209

Лигњи на лешо е јадење што ќе ве воодушеви. Лесно се подготвува, а многу е вкусно.

Како да се подготват лигњи на лешо?

Начинот на подготовка на ова јадење е многу едноставен и ви требаат само половина час за да можете да го сервирате.

Лигњи на лешо – Потребно

  • 80 дкг лигњи
  • 4 млади компири
  • половина главица кромид
  • лажичка бибер во зрно
  • 3 моркови
  • 2 чешниња лук
  • 2 ловорови лисја
  • маслиново масло
  • лажичка зеленчук

Подготовка

  • Ставете ги лигњите во тенџере со компири, моркови, ловоров лист, кромид, бибер и лук, додадете го зеленчукот во садот, а со водата покријте ги состојките.
  • Гответе околу 20 минути на тивок оган.
  • Кога лигњите ќе бидат готови извадете ги и исечете ги на кругови.
  • Варените (лешо) лигњи се готови, послужете ги со варените моркови и компири и посипете ги со магдонос и, доколку е потребно, маслиново масло.