Научниците предупредуваат на исклучително опасна ситуација доколку го спроведат планот.
Шансите пораките да стигнат до вонземска цивилизација се навистина мали, но доколку стигнат до нив, може да имаат негативни последици.
Историјата на обиди за комуникација со вонземски цивилизации датира од 1970-тите, а научниците сè уште не се откажуваат од нив.
НАСА сега, со помош на бинарно-кодираната порака „Beacon In The Galaxy“ се обидува да емитува информации за Сончевиот систем, површината на Земјата и човештвото до делот од Млечниот Пат идентификуван како најверојатниот дом на вонземски цивилизации. Ваквиот потег може ненамерно да предизвика инвазија на вонземјани, предупредуваат научниците од Оксфорд.
НАСА предложи оваа порака да се емитува во специјално избраниот регион на Млечниот Пат, кој би требало да има најголеми шанси за развој на живот. Таквата порака би била кодирана во бинарен запис кој ќе содржи основни математички и физички концепти кои би можеле да послужат како „универзален јазик“. Ова ќе биде проследено со основни податоци за биохемискиот состав на животот на Земјата, точната локација на Сончевиот систем во рамките на нашата галаксија во однос на познатите ѕвездени јата, како и дигитализирани претстави на Сончевиот систем и површината и составот на Земјата.
Покрај тоа, пораката би пренесувала дигитализирани слики на луѓе и порака до примачот на која треба да одговори. Станува збора за ажурираната верзија на пораката Аресибо, која испрати слични информации во вселената во 1974 година со помош на радио телескоп во Порторико.
Anders Sandberg, виш научен соработник во Оксфордскиот институт за иднината на човештвото (FHI), предупреди дека споделувањето такви информации претставува одреден ризик.
Тој за Daily Telegraph изјави дека мали се шансите пораката да стигне до вонземска цивилизација, но дека таквата порака би имала такво влијание што не треба да се зема здраво за готово.
Др. Sandberg исто така потврди дека тешкотиите за преминување на меѓуѕвездениот простор се многу големи и дури и ако напредната цивилизација ја прими пораката, не ќе можат да ја разберат, туку како разгледница на која пишува: „Посакувам да си овде“.
Toby Ord, колега на д-р Sandberga во FHI, изнесе слични аргументи во труд што го објави во 2020 година. Во својата работа тој ги анализирал егзистенцијалните ризици и иднината на човештвото. Главното прашање е односот на мирните цивилизации во однос на непријателските.
Тој додаде дека ова може да биде исклучително опасна ситуација со оглед на малиот број докази што зборуваат за карактерот на другите цивилизации.
Бидејќи НАСА не планира самата да ја испрати пораката, предлага таа да се емитува од кинескиот сферичен радио телескоп со отвор од петстотини метри и од телескопот Allen на Институтот SETI во Северна Калифорнија.
Интригантен развој
Истражувачкиот тим на проектот рече дека комуникацијата е „неверојатно интригантен развој во космичкото научно истражување“.
Да потсетиме, во седумдесеттите години на минатиот век во вселената биле испратени физички и радио пораки. Во 1972 и 1973 година, вселенските сонди Pioneer 10 и 11 носеле пиктограми со кои се обидувале да им објаснат на вонземјаните каде се населиле луѓето.
Потоа сондите Voyager 1 и 2 носеле звучни и графички записи. Во 1974 година, шифрирана радио порака била испратена од радио телескопот Arecibo, пренесена со радио бранови до ѕвездениот кластер М13.



















