Ракометарите на АЕК Атина продолжуваат да играат “игрици“ во ЕХФ Еврокупот, порано познат како Челинџ Куп.
Имено, екипата од Атина одби да го игра реванш натпреварот од финалето, против Алкалоид во Скопје, а истото го стори и во четвртфиналето против Партизан во Белград.
Причината сега е малку поинаква. АЕК не сакаше да игра против Партизан бидејќи тимот не се чувствувал безбедно и сигурно во салата. Раководството на ЕХФ донесе одлука реваншот да се игра на неутрален терен. Партизан го надомести минусот од пет гола од првиот натпревар, но падна по изведувањето на седмерците.
Избраниот тим на Кирил Лазаров, ракометарите на Алкалоид, победија во Атина со 29:25, сè беше подготвено за голема прослава во Скопје, но тимот од Атина одби да игра бидејќи навивачите на АЕК не можеа да влезат во салата, а потоа ЕХФ објави на официјалната веб-страница и напиша дека натпреварот е одложен од безбедносни причини.
Каков ќе биде епилогот, ќе дознаеме наскоро…
ПС. Да не се заборави правилникот на ЕХФ.




















