4. Мускули за ежење кожа
Минијатурните мускули на кожата, кои се наоѓаат под секое влакно, предизвикуваат намалување на кожата, односно кревање и спуштање на косата. Научниците го нарекуваат ова пилоерекција. Тоа се случува кога сме исплашени или кога ни е ладно.
Тоа е остаток од времето кога телата на нашите предци имале многу повеќе влакна. Наеженоста им служела да изгледаат поголеми и посилни, но и да ја одржуваат топлината на телото. И многу животни денес, во опасни ситуации се ежат да изгледаат поголеми, а со тоа да ги избркаат грабливците.
Денес, ежењето на кожата веќе нема смисла, бидејќи нема влакна кои мускулите би ги кревале. А и она малку што ги имаме, ги отстрануваме.
Сепак …
Е тука нема сепак – ежењето веќе нема смисла.
5. Трет капак
На самиот агол на окото, веднаш до носот, ќе забележите тесен слој на тенка кожа. Тоа е третиот очен капак (plica semilunaris), кој кај луѓето ја изгубил функцијата што ја има кај некои животни, што третиот проѕирен очен капак им овозможува да го покријат окото заради навлажнување или заштита, а сепак да гледаат.
Сепак …
Третиот очен капак кај луѓето сè уште има улога – ги отстранува страните тела како што се прашината или поленот што паѓаат во окото.
Продолжува на страна 4



















