6. Рефлекс за фаќање
Иако строго говорејќи, тоа не е дел од телото, рефлексот за фаќање е нешто што е поврзано со делот од телото што сме го изгубиле, а тоа е крзното. Фаќачкиот рефлекс може да се забележи кај бебињата кои знаат да се држат цврсто за сè што ќе им се стави во рака, а порано служел за држење на новороденчињата за мајчиното крзно, па затоа мајката имала слободни раце.
Иако некои мајки сепак би сакале слободна рака, ретки се оние што би сакале и крзно.
Сепак …
И повторно, нема сепак, фаќачкиот рефлекс навистина повеќе нема функција, освен да ги воодушевува новите родители кога нивното бебе ќе ги зграпчи за прст.
7. Уши, или некои делови од нив
Само мал број луѓе имаат можност да ги движат ушите. Групата мускули што ги придвижува станале непотребни. Животните ги придвижуваат ушите за да слушнат подобро, но и да одбијат инсекти, но кај луѓето тоа не придонесува за подобар слух, иако веројатно им било корисно на нашите предци, пишува Independent.
Сепак …
За оние кои можат да мавтаат со ушите, бескрајно е забавно да ги задеваат оние кои не можат.



















