Седум делови од телото кои повеќе не ни требаат | Или можеби ни требаат?

2061

2. Машките брадавици

Зошто мажите имаат брадавици? Одговорот е едноставен – затоа што можеле да бидат жени.

Мажите и жените се развиваат во првите 60 дена во матката потполно исто. После тоа, оние ембриони кои имаат хромозом Y ќе развијат тестостерони кој ќе го стимулираат развојот на машкиот полов орган, наместо женски.

Меѓутоа, до тој момент се формираат брадавици кои подоцна нема да исчезнат под влијание на машките хормони. Ова е веројатно затоа што тие не штетат, па еволуцијата не нашла начин да ги отстрани.

Сепак …
Во многу ретки, но документирани случаи, кај мажите може да се појави машка лактација, т.е. способнот да произведуваат млеко.

3. Катници (умници)

Со текот на времето човечката вилица станува сѐ помала и помала, а резултат на тоа е што веќе немаме простор за катниците во устата, односно нема доволно простор во устата за правилен раст.

Зошто вилиците се намалиле? Повеќето научници велат дека ова се должи на промените во исхраната – веќе не сме принудени да џвакаме тврд суров зеленчук и тврдо месо. Некои научници исто така укажуваат на фактот дека денес можеме многу подобро да се грижиме за нашите заби отколку нашите предци кои, брзо се расипувале и паѓале, па затоа катниците кои се појавуваат кај возрасните се добредојдени.

Сепак …
Најновите истражувања од областа на стоматологијата укажуваат на тоа дека вадењето на катниците е поштетно отколку да се чуваат и да им дозволите да растат природно. Прочитајте повеќе овде.

Продолжува на страна 3