Вашето куче може да умре во текот на летото ако сериозно не ја сфатите горештината!

1987

Не само што е потребно да се грижите за кучето во текот на летото, туку исто така е важно да се знае како да ги заштитите од опасни хемикалии и одредена храна, за да можат среќно да ја дочекаат есента.

Жешките летни месеци се совршено време за вашето куче да помине што повеќе време со вас и вашето семејство и да се забавува надвор. Но, зголемените температури можат во момент да доведат до прегревање на телото на вашето домашно милениче и да предизвикаат дехидратација и болести.

Не само што е важно да бидете сигурни дека вашето куче е безбедно на горештините, туку му се закануваат и некои други работи за кои веројатно не би ни помислиле …

Никогаш не го оставајте вашето куче во автомобил на горештина

Температурата во автомобилот за еден момент може да скокне до вртоглави височини. Обавезно земете го вашето куче со вас секој пат кога ќе треба да излезете од автомобилот, и ако навистина мора да биде сам неколку минути, задолжително отворете ги прозорците од двете страни за да може да циркулира воздух, а по можност автомобилот паркирајте го во сенка.

Продолжува на страна 2