Јаболкото е афродизијак за жените

2415

Истражувањето во Италија покажува дека жените кои секојдневно јадат јаболки се многу позадоволни во сексот, за тоа се заслужни полифенолите и антиоксидансите кои ја зголемуваат чувствителноста.

Дека едно јаболко дневно го чува здравјето, сигурно веќе сте слушнале, а дали знаете дека ова овошје влијае и на квалитетот на сексуалниот живот?

Тоа го покажало италијанско истражување кое опфатило 730 жени, на возраст од 18 до 43 години.

Според дневната конзумација на јаболки, испитаничките се поделени во две групи. Во првата, дамите секојдневно јаделе минимум едно јаболко, понекогаш и повеќе, додека оние од другата група го внесувале повремено.

Жените кои јаделе едно до две јаболки дневно, биле многу позадоволни во сексот – покажале резултатите.

За тоа, тврдат научниците, се заслужни полифенолите и антиоксидансите од ова овошје, кои значително ја подобруваат циркулацијата на крвта во женските генитални органи, што овозможува подобра лубрикација, зголемена чувствителност и секако подобри оргазми.

Освен тоа, јаболките се богати со флавоноидот кој е сличен на женскиот хормон естрадиол, што исто така игра важна улога во сексуалното возбудување.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk