Во Италија, стапи на сила забрана на пластични стапчиња за уши | Видео

151

Тие создаваат дури 9 проценти од пластичниот отпад на италијанските плажи.

Со почетокот на 2019. година, Италија се прости од користење пластични стапчиња за уши. Оваа забрана е во согласност со најновите напори за намалување на употребата на пластични производи за еднократна употреба.

Во Италија, од 1. јануари, забрането е да се произведуваат и продаваат пластични стапчиња за уши, односно сите видови на оние производи кои не се биоразградливи или компостабилни. Производителите и трговците на пакувањата, исто така, имаат обврска да ги наведат правилата за нивното правилно отстранување.

Се проценува дека пластичните стапчиња за уши сочинуваат 9 проценти од пластичниот отпад на италијанските плажи – на секоја плажа, имено, во просек, се наоѓа барем 60 парчиња од отпадот кој се вбројува меѓу најголемите и најопасните извори на загадување на животната средина.

Италија така станала прва земја од ЕУ која вовела забрана за овој тип на пластични производи за еднократна употреба, но сигурно нема да биде и последна.

Да се потсетиме, на крајот на декември 2018. година достигната е рамковна спогодба со која во ЕУ од 2021. година ќе стапи на сила забраната на употреба на пластични производи за еднократна употреба како што се прибори за јадење, сламки, стапчиња за мешање пијалаци, вклучувајќи ги и стапчињата за уши. Исто така, многу француски потрошувачи на почетокот на минатата година, со одобрување ја поздравиле веста дека овој, за животната средина, исклучително опасен производ, во согласност со новиот закон ќе биде забранет за продажба во француските продавници од 1.01.2020. година.

Фотографот Џастин Хофман ја снимил оваа потресна фотографија на морското коњче со отфрленото стапче за уши во загаденото индонезиско море за која бил номиниран за награда Wildlife Photographer of the Year.

Следната година во Италија стапува на сила и забрана на козметички производи кои содржат микропластика. Слични забрани се воведуваат или се веќе спроведени во земјите низ целиот свет, а тоа се мали честички пластика кои ја содржат одредени производи за лична хигиена и детергенти, кои завршуваат во реките и морињата, каде што рибите ги заменуваат со храна и така се интегрираат во синџирот на исхраната.

Пластични стапчиња за уши не се само причина за голем проблем во животната средина, туку, исто така, многу се штетни за здравјето на луѓето како што подолго време предупредува голем број на лекари. Нивната употреба се препорачува исклучиво за чистење на надворешниот дел од увото, но со несоодветната употреба луѓето го загрозуваат нивното здравје и ризикуваат повреда на ушниот тапан. Освен дека при чистење со помош на стапчиња се отстранува само дел од восокот од увото, остатокот се турка подлабоко, каде што се акумулира и станува погуст.

Веќе денес, можете да престанете да користите пластични стапчиња за уши и да направите нешто добро за да ја заштитите животната средина и вашето здравје. Впрочем, од 2021. година, бездруго повеќе нема да можете да ги користите.