Како да се доведе разжестено и разгалено дете во ред | 5 златни совети на реномиран педијатар!

1899

Дете кое вреска на под во продавница, урла покрај тобоганот или не сака да стане од подот во автобусот … Повеќето родителите ова го имаат поминато.

И оние кои помислиле дека станува збор за невоспитани деца брзо се корегирале кога тие самите ја доживеале првата лутина. Појавата на гнев е вообичаена кај малите деца, па дури и важен дел од емоционалното и менталното здравје на детето. Малите деца не знаат како да се справат со своите емоции, па тоа обично завршува во тесна битка со родителите со 15-ина килограми чист гнев во рацете.

Инстинктивна реакција на секој родител е да го замолчи детето и така да го прекине истурањето на лутината, но експертите велат дека е потребно да се прави токму спротивното.

Секако е подобро за детето да ги исфрли негативните емоции отколку да ги држи во себе. Иако за родителите тоа не е лесно да се разбере, ниту да се толерира, детето треба да ги исфрли своите чувства со цел да се намали стресот, негативните емоции, а потоа да се продолжи со нормалните активности.

“Нападите на гнев кај малите деца можат да се случат од различни причини: ако не може да ги состави коцките како што си замислило, или мајка му инсистира на тоа да ја изеде токму таа каша, да ги нареди играчките или да облече сина маица”, објаснува педијатар д-р Џована Армано.

Но, како што посочува лекарот, ослободување од стресот преку плачење е сосема во ред. Солзите содржат кортизол, хормон на стресот, и кога детето плаче, буквално го исфрла од телото. По плачењето следи и тешење од страна на најблиските, што е многу важно за детето, а по изливот на гнев детето е обично со многу подобро расположение.

“Изливите на гнев и плачењето некои психолози го сметаат и како форма на учење, затоа што детето учи ограничувања до кои може да оди, што му е дозволено, а што не е. Тоа е многу важно за развојот”, објаснува д-р Армано.

Продолжува на страна 2