
Следниот бенефит на детскиот гнев е подобар ноќен сон. Имено, експертите сметаат дека детето ќе спие подобро, ако стресот не се акумулира во текот на денот, туку се исфрла. Ако детето не го изразило, може да ги доживува акумулираните негативни емоции во текот на ноќта, па сонот му е испрекинат, а може да има и ноќни кошмари.
Детето има напад на лутина кога ќе му се каже “не”? Тоа е добро! Секој пат кога ќе му кажете “не” на детето, поставувате јасни граници за тоа што е прифатливо, а што е неприфатливо однесување. Логично е дека детето ќе се обиде со плачење и изливи на гнев да го добие она што сака, но родителот мора да е одлучен и, што е уште поважно, доследен. Со други зборови – во секоја ситуација, исто да реагира.
“Не е добро на истиот испад родителот понекогаш да не реагира, а понекогаш да казнува, во зависност од расположението. Детето така нема да научи што е добро, а што не е”, вели д-р Армано.
Со текот на времето, со помош на родителите, ќе научат да ги контролираат емоциите. Додека тоа не се случи, родителот мора да се обиде да го смири детето со добри зборови или прегратка, но не насилно, бидејќи бесот би можел да се продлабочи. Детето ќе се чувствува безбедно бидејќи, може да изрази чувства и да добие утеха.
Златните правила за испадите на децата
Еве што родителите не смеат да направат за време на гневот на детето. Како што се забележува, на детето мора да му се дозволи да изрази лутина, но мораме да поставиме граници.


















