Здравствените власти на Соединетите Американски Држави (САД) ја одобриле новата, како што велат, револуционерна метода за лечење на рак, преку вбризгување на вирус на херпес со двојно дејство кој ги напаѓа клетките зафатени од тумор, а ги поштедува здравите, потикнувајќи го имунолошкиот систем да се бори против туморот, пренесува хрватскиот јавен сервис „ХРТ“.
Новата терапија, како што се наведува, треба да ги поштеди болните од нуспојавите што ги предизвикуваат постоечките методи, како хемотерапијата и зрачењето.
Како што пренесува „ХРТ“, терапијата Т-ВЕК (T-VEC) ќе се продава под комерцијалното име „Имлигик“ (Imlygic), a e развиена од фирмата за биотехнологија „Бивекс“ од Масачусетс.
Инаку, посебно модифицираниот вирус на херпес се вбризгува директно во туморот, а веќе е одобрен за лечење на рак на кожата.
За разлика од хемотерапијата и радиотерапијата, кои ги убиваат клетките на ракот, но истовремено ги оштетуваат и останатите делови од телото, модифицираните вируси ги напаѓаат исклучиво клетките зафатени до тумор, а како нуспојави пациентот може да има треска еден или два дена.



















