Витаминот Б12 или кобаламин е многу важен, односно есенцијален, водорастворлив витамин од групата Б-витамини.
Тоа значи дека телото нема способност самото да го продуцира, па мора да биде внесен со исхраната (или преку суплементација), впрочем како и останатите витамини (освен витаминот Д).
Иако кобаламинот е водорастворлив, организмот има механизми да го складира и до период долг 4 години (евентуалниот вишок лесно се излачува преку урината).
Улоги во организмот
Витаминот Б12 хемиски гледано е најголемиот и најкомплексно градениот витамин. Игра низа мнгоу значајни улоги во организмот:
▫ за правилното функционирање на нервниот систем и мозокот
▫ во продукцијата на црвените крвни клетки (еритроцити)
▫ за синтезата и регулацијата на ДНК молекулата
▫ во метаболизмот на синтеза на одредени важни масни киселини
▫ во процесот на созадавање енергија
▫ во помагањето, односно олеснувањето на апсропцијата на фолната киселина (витамин Б9)
▫ за здравјето на коските и кожата – превенција од остеопороза
▫ за намалување на ризикот од макуларна деградација
Кои луѓе се во посебен ризик од дефицит на витамин Б12?
Недостатокот од овој значаен витамин може да се случи на два начини: исхрана која не е доволно богата со витамин Б12 или одредени проблеми кои ги има организмот со апсорпцијата на кобаламинот.
Недостатокот може да се јави кај секого, а со зголемен ризик, односно оние кои треба посебно да бидат внимателни се:
• Повозрасните луѓе
• Лицата со некаков вид на гастроинтестинални нарушувања, како Кронова болест или целијакија
• Лицата кои имале некакви гастроинтестинални оперативни зафати
• Луѓето со стриктна исхрана која исклучува било какви животински продукти
• Лицата кои користат метформин за контролирање на глукозата во крвта
• Пациентите кои користат медикаменти (протонски пумпи) за третман на хронични киселини
• Бремените жени и доилките
Продолжува на страна 2



















