Потреби од кобаламин
Недостатокот од овој витамин не е реткост, особено кај категориите луѓе кои претходно ги споменавме. Според статистиките од САД (земјата со најдобри статистики во повеќето области), помеѓу 1,5 и 15% од популацијата има одреден степен на недостаток од витамин Б12.
Препорачаните дневни количества од овој витамин за возрасните лица се 2,4mcg и нешто повеќе од ова за доилките и бремените жени, односно 2,8mcg и 2,6mcg, соодветно.
Тешко може да се ,,предозирате” со витамин Б12, бидејќи телото има механизам лесно да го излачи, сепак оние кои имаат намера да користат било каков тип суплементација на овој витамин, треба да се консултираат со својот лекар (можни се интеракции на овој витамин со евентуални други медикаменти кои луѓето ги користат).
Доколку сте во некоја од претходно наведените ризични групи, а особено доколку почувствувате некој од симптомите на недостаток кои ќе ги наведеме подолу, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Тој може да препорача соодветно тестирање кое би утврдило дали и колкав дефицит имате, па соодветно на тоа, што треба да превземете.
Постојат неколку видови на суплементација – орална (таблети), носен спреј или инекции.
За оние кои имаат стриктно неживотинска исхрана, добро е да користат суплементација во консултација со својот лекар. Сите вештачки синтетизирани Б12 суплементи не се од животинско потекло, постојат одредени бактерии со способност да ја синтетизираат комплексната молекула на кобаламинот.
Продолжува на страна 3



















