Сè што треба да знаете за витаминот Б12

2056

Симптоми на недостаток од витамин Б12

Недостатокот од овој витамин, како што веќе рековме, не е реткост. За жал, тој може да води и кон посериозни и иреверзибилни (неповратни) последици, особено за нервниот систем и мозокот.

Дури и понезначајните или помалите недостатоци од овој витамин можат да предизвикаат одредени симптоми, како:

▫ Депресија
▫ Збунетост
▫ Проблеми со меморијата
▫ Хроничен замор

Сепак, за жал, симтомите на недостаток од витамин Б12 можат да не се појават и со години, а и дијагностицирањето на дефициотот може да биде комплексно. Дополнително, дефицитот на кобаламинот може да се помеша со недостаоткот од витамин Б9.

Ниските нивоа на Б12 предизвикуваат паѓање и на нивото на витаминот Б9 (фолна киселина). Сепак, ако имате ниски нивоа на Б12, ,,поправањето” на ниското ниво на фолна киселина може да го замаскира проблемот.

Значајни и специфични симптоми на дефицит од витамин Б12 кои треба да ги познаете

1. Бледа или жолтеникава кожа последица на намалената продукција на еритроцити (мегалобластична анемија). Повеќе околу анемиите, прочитајте тука. Можни симптоми на анемијата – нагла неочекувана загуба на килограми, бледа кожа, менстурални проблеми, дијареа итн.

2. Хроничен замор и слабост – исто така заради намаленото ниво на црвени крвни клетки кои се преносители на кислородот. Без кислородот, отежнати се метаболитичките процеси во клетките кои водат до енергија.

3. Пецкања или чувство на морници – еден од посериозните негативни ефекти кој се случува поради одреден степен на нервни оштетувања. Без кобаламинот, отежната е синтезата на миелин – масна киселина која ги опркужува и заштитува нервните клетки. Вообичаено овие симптоми доаѓаат заедно со анемијата, но една студија утврдува дека и до 30% од случаите со пациенти со невролошки симптоми, немало знаци на анемија. Сепак, треба да се знае дека овој симптом е карактеристичен и за низа на други состојби.

4. Воспаленија во усната празнина и честа појава на афти

5. Наарушен или замаглен вид – ова се случува кога дефицитот останува нетретиран подолого време, па доаѓа до одредени оштетувања на оптичкиот (очен) нерв. На тој начин доаѓа до попречувања во сигналот кој патува од очите до мозокот, со што се нарушува добриот вид – состојбата е позната како оптичка невропатија. За среќа, одредени студии покажуваат дека правилното суплементирање со витамин Б12, може да го реши овој проблем.

6. Чести промени во расположението – низа на студии го поврзуваат дефицитот од овој витамин со зголемено нивоа на хомоцистеин, депресија и деменција.

Продолжува на страна 4