Најверојатно, по заклучувањето на новата студија, повеќе нема да сакате да го кренете гласот на вашето куче.
Новите истражувања покажале дека никогаш не треба да викате или да го казнувате кучето на било кој начин. Казната може да има долгорочно негативно влијание врз менталната состојба на кучето, пренесува Science Alert.
Резултатите од студијата покажале дека кучињата обучени со методот на наградување се чувствувале многу подобро на краток и долг рок, пишуваат научниците во својата работа.
Аверзивната обука има негативни ефекти врз кучињата
Поконкретно, кучињата кои посетувале обуки користејќи аверзивни методи, покажале, за време на тренинзите, однесување и држење на телото поврзано со стресот, со повисоки нивоа на кортизол по тренингот и биле попесимистични за извршување на задачи од когнитивна пристрасност.
Аверзивниот тренинг се покажал дека има негативни ефекти. Првенствено се изведува на полициски и лабораториски кучиња, со методи на задушување, шокови и слично.
Обучени со методот на наградување, тие се поладнкрвни
Предводена од биологот Ана Катерина Виерира де Кастро од Универзитетот во Порто, Португалија, меѓународен тим на научници спровеле нова студија за придружни кучиња. Животните биле регрутирани од различни училишта за обука на терапијски кучиња во Порто, 42 кучиња од училишта кои користеле награди и 50 кучиња од училишта кои користеле аверзивна обука со викање, физичка манипулација и поводник.
Кучињата покажале стресно однесување, проѕевање и лижење за време на аверзивниот тренинг, а нивната плунка имала покачено ниво на кортизол. Кучињата кои при обуката се наградени биле многу поладнокрвни и покажале помалку стрес, а имале нормални нивоа на кортизол.
Резултатите покажуваат дека аверзивниот тренинг нема предности во однос на обуките со награди и дека наградната обука многу повеќе значи за среќата на кучето. Благосостојбата на придружните кучиња обучени со аверзивни методи се доведува во опасност, се заклучува во студијата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.