Трансплантација на матични клетки може да ја “замрзне” мултиплекс склероза

747

Ново истражување дава уште еден доказ дека автологната трансплантација на хематопоетски матични клетки (AHSCT) ефикасно ја лекува на мултиплекс склероза, што го запира развојот на болеста во текот на 5 години во речиси половина од пациентите.

Водечкиот автор на студијата д-р Паоло Мураро и неговите колеги од Одделот за медицина во Imperial College London во Велика Британија, неодамна ги објавија нивните наоди во JAMA Neurology.

За своето истражување истражувачите оцениле податоците од 25 медицински институции во 13 земји за 281 пациенти со мултиплекс склероза, на кои во период а1995 – 2006 година била применета автологната трансплантација на хематопоетски матични клетки (AHSCT). Од овие пациенти 78 проценти биле со прогресивна форма на мултиплекс склероза.

Истражувачите откриле дека 46% од пациентите немале никаков напредок на болеста во 5-те години по третманот.