ВЕЛИГДЕН – Хронологија

420

Страдална – Страстна – Велика седмица

ЦВЕТНИЦИ

Осум дена пред Велигден се Цветници или Седмица на страдањето Господово. Со Цветници започнува Големата или Светата Недела, во која ги славиме најголемите тајни на христијанството: Исусовата мака, смртта, погребот и воскреснувањето. Цветниците се вовед во оваа прослава.

На Цветници започнува прославата на црковната мистерија, односно болката и воскресението Христово. Исус затоа и влегол во својот град Ерусалим, подготвен да го прифати крстот за да ги откупи луѓето од злото за слободата на синовите и ќерките Божји.

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

На Велики Четврток, на првиот ден од светите три дена, Христовите верници и целата Црква се сеќава на Господовата вечера и воспоставување на Евхаристијата (од грчкиот eukharistia – признавањето на благодарноста во поширока смисла на зборот “жртва на благодарност”). На овој ден Исус за последен пат со своите ученици прославил Пасха и воспоставил свештенски род и света Евхаристија – Миса. Најголемиот чин на христијанскиот култ и еден од главните сакраменти (света тајна), по која се препознаваат сите христијани во светот. На овој ден Исус на светот му оставил знаци на своето постојано присуство во лебот и виното, и така го предал на целото човештво своето Тело и Крв како залог и гаранција за победата над злото, страдањето и смртта. На овој ден Исус бил предаден од Јуда, заробен и судски испршуван пред свештенството и римскиот управител Пилат. Со овој чин човекот, неговото суштество, неповратно паднало во бездната на омраза кон Бога. Во Литургијата, на овој ден поминуваме низ одаја, во која се одвива последната вечера за време на еврејскиот празник Пасха одбележан со прослава на Христос и дванаесетте апостоли. Со целосно убедување, го просветлуваме Телото и Крвта Христови за да можеме да станеме исто тело и крв со Него. Затоа што ние го носиме Христа во себе. Според зборовите на Петар; “По нив да станете и вие дел од божествената природа”.

Св. Кирил Јерусалемски

ВЕЛИКИ ПЕТОК

На Велики петок се сеќаваме на Исусовата смрт на крстот. Денес е денот кога за откуп на секој човек Исус го предава својот живот на крстот. На овој ден на севкупниот човечки пад и срам во кој оваа наша земја на себе го прима злосторот убиството на самиот Бог, се потсетуваме на ковањето на Исус, неговото распнување и смртта на крстот. Денес не постои Света миса на традиционален начин, но обредите на Велики петок се премногу богат со емоции и убавина на молитва за Црквата и целиот свет. Молејќи се, поклонувајќи се и бакнувајќи го крстот на овој ден размислуваме за тоа како со убивањето на Божјиот Син се убивме самите себе, својот Создател и владетел на небото и земјата. Исус, кој ги земал нашите гревови, страдања и смртта, и со својата смрт толку многу не возљубил, ни го дарил вечниот живот. Тој на денешен ден бил најјаден и најосамен и најтажен човек во историјата на човештвото. Човекот – Бог без иедна дамка бил распнат и умрел на крстот. Денешниот ден ни покажа колку е мрачен човекот во неговата душа и колкава може да биде злобата на човечките дела. Во темнината на Велики петок, молејќи се и поклонувајќи се на својот свет крст чувствуваме огромна утеха и нека на нас и во нашите души се излеат и врежат неговите зборови: “Оче прости им оти не знаат што прават”. (Лука 23:34).

Не може да сака ослободување од крстот оној кој е специјално избран за крстот.

Св. Едит Штајн

ВЕЛИКА САБОТА

Голема сабота е денот кога Исус е положен во гробот. Но, пред полноќ се слави Исусовото воскресение со Велигденско бдеење. На Велика сабота, Ти мирно почиваш во гробот на Јосиф, твоето откупувачко дело за човештвото е завршено. Исто како што Господ се одморал по големите денови на создавањето на светот, така сега и ти се одмараш по делото на Спасителот. Но, ниту тука, во својот мир “не мируваш“, бидејќи со својот гроб од нашите почивалишта на гробиштата, во целиот свет, си направил престојувалиште на траен мир и сигурна надеж дека гробот не е крајот. Во гробот со себе ги зема сите наши непријатели, сите гревови и се’ она што го уништува на оваа земја твоето суштество – човекот, природата и целиот свет. На овој ден над твојот гроб стои твојата мајка Марија, и длабоко во своето срце размислува. Таа живееше со Тебе, но и без Тебе додека одеше по оваа земја, но сега таа останала без тебе. Таа не е сама, таа по зборовите на Исус упатени на возљубениот ученик Јован: “Еве ти мајка” (Јован 19: 25-27) станала и наша мајка. Наш пример, наша надеж во болка и достоинство. Пример на вера во Тебе.

Со Марија, на овој ден и ние влегуваме во мир и го посетуваме Исусовиот гроб. Исусовиот гроб нека ни биде сила и утеха. За сите наши прогонства, промашувањата во животот, страдања, зависности, болести и тага.

Ти благодарам Исусе за мостот што се гради денес меѓу Бога и нас, Тебе и нас. Помеѓу земниот живот и животот во вечноста. Со таа надеж го чекаме утрешниот, но и конечниот ден на славење на воскресението Господово.

ВЕЛИГДЕН

Со Исусовото воскресение, сè ново е преобразенои затоа Велигден е експлозија на радост, светлина, љубов кон љубовта и слободата. Со Воскресението, Исус не заминал од нас, туку на еден нов начин продуховен засекогаш дошол кај нас. Ниту светот од тој момент не е повеќе ист. Стариот свет во кој владеел гревот, страдањето и смртта повеќе не постои, бидејќи создаден е нов свет во кој сè е преобразено и не може да пропадне. Во секој од нас, со Исусовото воскресение воспоставени се нови сили, а тоа е самиот Бог. Исус ни го испраќа Својот Свет Дух, кој нè менува за да можеме да бидеме како што е и тој, и да можеме да го сториме истото што и тој во верата. Светот на Стариот Завет е подигнат на едно ново ниво во кое сме наследници на Исус Христос. Најголемото наследство што го примивме – освен вечниот живот во воскресението – е можноста за простување на гревовите. Исус го оставил тоа на Црквата и на свештениците, но и ние самите едни на други можеме и треба да си ги простуваме гревовите.

Денеска го прифаќаме воскреснатиот Исус за наш пријател на патот на животот. Да му го отвориме своето срце и така да го доживееме Велигден, а тоа значи да живееме во Божјата светлина, не да се задоволиме со земната храна и да не се исцрпуваме со грижите за утре. Христијанска душо, денес на Велигден, биди чиста, верна, праведна, нежна и смирена. Биди воодушевена за секоја христијанска крепост и своите мисли и чувства насочи ги кон својот Татко Небесен. Денеска Исус нека воскресне и во нашите срца за да се сретнеме со Него.

Со мисли и надеж за вечен живот, се радуваме денеска на воскреснатиот Исус и определете се за неговиот пат. Пат по кој не води кон спасението по својата Божја Реч.