Како да се лекувате со мед?

2064

Егзема

Ако страдате од кожни егземи или херпес , медот и циметот можат да помогнат да се намали воспалението и да ја зајакнат побрзо кожата.

Во сад измешајте еднакви количини цимет и мед, а потоа ставете пастата врз погодените места за неколку минути. Практикувајте ја оваа постапка до постигнување на саканиот ефект.

Габи на ноктите

Габичните инфекции на ноктите се тешки за лекување и одземаат време. Покрај стандардните креми може да верувате и на грижата со мед. Што ви треба?

Измешајте 15 г мед, 10 мл еукалиптус етерично масло и 1 лажичка јаболков оцет. Добро измешајте ја смесата ставете ја во стаклена тегла со капак за еден ден во фрижидер.

Потоа секој ден мачкајте ги ноктните плочки. Оставете ја пастата да дејствува врз нив за околу 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Испукана кожа

Во студените денови кожата на рацете и петите често се напукбува. Повредената кожа станува груба, неприветлива и болна. Маската со мед може да ви помогне да ја вратите во длабочина. Измешајте еднакви делови мед и маслиново масло.

Додека си земате када или туш, изгребете ја со турпија за нозе грубата кожа (само на петите). Потоа исушете добро и нанесете од маската. Завиткајте со најлон и останете така околу 20 минути. Потоа исплакнете со вода. За да ја вратите кожата на рацете користете ја истата маска. Практикувајте ја оваа нега секој ден.