АПРИЛ-ЛИ-ЛИ-ЛИ ! Да не беше пандемијава, 100% ќе наместевте некого

1922

Сите знаеме која е целта на денешниот датум – среќа и насмевка – но сигурно барем еднаш сте се запрашале како е утврден овој празник. Како настанал Денот на шегата и каква е неговата историја?

Она што е уште поинтересно е фактот дека не постои прецизно дефиниран одговор на поставеното прашање, постојат само теории. Еве ги петте најинтересни факти за овој среќен празник.

БИБИЛИЈА

Потеклото на овој меѓународно признат ден датира од библиските денови. Оваа теорија истакнува дека празникот на шегите се слави откако Ноа прво пушти гулабица да провери дали водата од големата поплава се повлекла. Дека тоа бил први април, потврдено е и во Хебрејската Библија, како и во 71-вата сура од Куранот.

Другата теорија е дека Исус бил испратен од Понтиј Пилат кај Ирод и назад токму на овој ден. Овој пат честопати се нарекува како залудна работа, односно како трик. Затоа баш поради тоа оттогаш тој ден се смета за Ден на шегата.

РИМ

Шегите кои се случувале на 1 април датираат уште од времето на антички Рим. Се верува дека Римјаните и Келтите го прославувале фестивалот на шегите за време на пролетната рамноденица која се случува во близина на Денот на шегата.

Постои и антички римски мит кој зборува за богот Плутон и за неговото киднапирање на Прозерпин, божицата на житото и жетвата. Мајката на Прозерпин можела да го слушне само гласот на својата ќерка и залудно ја барала по огромните пространства на подземниот свет. Ова исто така, како во случајот со Исус, се сметало за залудна работа.

ПРЕМИН ОД ЈУЛИЈАНСКИ НА ГРЕГОРИЈАНСКИ КАЛЕНДАР

Римјаните и хиндусите прославувале Новата година веднаш по пролетната рамноденица, која е 20 или 21 март. Во средниот век, поголемиот дел од Европа го прослави 25 март, празникот Благовештение, како почеток на прославата на Новата година. Прославувањето траело една недела, до 1 април. Во 1582 година, папата Григориј XIII наредил да се почитува Грегоријанскиот календар, според кој Новата година се слави на 1 јануари.

Бидејќи луѓето никогаш не биле склони да ги прифаќаат новите правила во секојдневниот живот, многумина одбиле да го почитуваат календарот на папата Григориј и продолжиле да ја слават Новата година околу 1 април. Оние кои го прифатиле новиот календар, се шегувале на сметка на „неинформираните“ за тој ден, исмејувајќи ги нивните застарени прослави.

БРИТАНСКА КУЛТУРА

Една од теориите е поврзана со британскиот крал од 13 век. Имено, овој крал секој пат по кој би поминал прогласувал за јавно добро. Така, планирал на 1 април да помине низ дел од градот Нотингемшир. Кога ги слушнале плановите на кралот, граѓаните решиле да не му дозволуваат да влезе во градот. Затоа, кралот испратил војска да ги казни непослушните граѓани, но кога пристигнала војската, целиот град се изведувал будалаштини, како што е давење риба на суво. Кога слушнал кралот како се однесуваат жителите на овој град, го прогласил градот за премногу глупав за да биде казнет.

ШЕГАТА ЗАВРШУВА ВО 12.00 ЧАСОТ

Иако е еден од најпопуларните меѓународни празници, малкумина знаат дека времето за трикови и шеги е дозволено само до дванаесет попладне.