Постојано читате дека еден возрасен човек треба да пие минимум 2 литри вода на ден, за да биде здрав и органите да му функционираат правилно.
Така е!
За жал, сепак не секој од нас чувствува жед за толкава количина вода, а некои дури и забораваат да пијат течности во текот на целиот ден. Сепак ова не е оправдување. Треба да бидете хидрирани и треба да пиете течности.
Еве и неколку трикови за да не заборавате да му ја давате на вашето тело виталната вода:
1. Менувајте ја температурата на водата.
Пијте ја студена или затоплувајте ја. Ова ќе го направи самиот чин поинтересен, туку топлата вода го подобрува варењето и штити од запек.
2. Пијте билен чај.
Ако водата ви е досадна, разубавете ја со билен чај. Немојте сепак да го засладувате со ништо.
3. Земете си удобно шише.
Постојат многу различни дизајни, кои се со интересно грло и лесно може да се затворат и носат насекаде.
4. Ставете белешка до грицките.
Често луѓето посегнуваат по нешто за јадење, без да сфатат дека всушност може да се жедни. Прво пијте вода и ако потоа ако уште ви се јаде, дејствувајте.
5. Означете го шишето.
Напишете часови во кои треба да испиете одредена количина и секој пат кога ќе погледнете кон шишето, ќе се потсетувате на тоа.
6. Ставете си римајндер на телефонот.
Што е уште еден аларм?
7. Јадете луто.
Лутото ве тера да пиете вода.
8. Носете вода насекаде со себе – во автомобилот, во торбата, на бирото.
9. Користете сламка.
Кога пиете со сламка, внесувате повеќе течности за пократко време.
10. Јадете овошје со висока содржина на вода – лубеница, јагоди, дињи, шумски плодови.



















