Знаци кои предупредуваат на трагедија

146

Луѓето често велат дека не може да се избега од судбината, дека е запишано сè во животот, од нашиот датум на раѓање, до сите настани што нè следат до денот на судот и начинот кога и како ќе го напуштиме овој свет.

Иако многумина не сакаат да веруваат во сето тоа, постојат работи што укажуваат дека сè уште постои „тоа нешто“ што не предупредува да бидеме претпазливи пред некои трагични и болни настани во животот или нè спасува затоа што нашето време сè уште не е „дојдено“.

Еве некои од овие знаци

Пречки на патот

Физичките препреки на патот обично предупредуваат на опасност. Ако не треба да одите никаде или не треба да започнувате работа која сте ја замислиле, тогаш сигурно ќе наидете на разни препреки: паднато дрво на патот, ископани јами, несреќи на патот, сообраќаен метеж… Од една страна, такви знаци не мора да предупредуваат на ужасни настани, но најчесто ситуацијата е следна: ако нешто тргне наопаку од почетокот, обично следи лош крај. Ако започнете добро, ќе го завршите денот добро.

Необјаснива меланхолија и празнина

Ако нема причина за меланхолија и тага, а чувство на празнина во душата и ненадејна вознемиреност сепак се појави, тоа не е добар знак. Во такви ситуации, никаква претпазливост нема да помогне. Дури и ако се смирите или целосно го промените однесувањето. Ќе се случат лоши работи и ништо не можете да направите за да го спречите тоа.

Чудни луѓе ве предупредуваат на несреќа

Еднаш една постара дама ме спречи да влезам во автобусот. Таа ме фати за рака и ми рече: “Не влегувај. Почекај ги другите”. Бидејќи бев збунет, автоматски ја послушав. Подоцна дознав дека автобусот доживеал страшна сообраќајна несреќа. Таа жена не беше халуцинација, таа беше од месо и крв. Имав такви ситуации уште неколку пати во животот. Ми приоѓаа случајни минувачи, сосема непознати лица и ме советуваа, ме предупредуваа. Моите пријатели имаа слични приказни.

Ако е судено, ќе се случи несреќа

И покрај предупредувањето, ќе се случат лоши работи. Тоа е судбина. И дури и да бидете претпазливи, ако побегнете некаде – нема да можете да избегате од судбината.