НАСА ПРЕДУПРЕДУВА на група АСТЕРОИДИ кои итаат кон Земјата!

667

Американската вселенска агенција (НАСА) предупреди на група астероиди кои брзаат кон Земјата, со големина од десет до 213 метри во дијаметар.

Во недела, астероидот со дијаметар од десет метри 2021 ДД1 и 2021 ДК1 со дијаметар од 61 метар помине покрај Земјата на безбедно растојание од 1,6 милиони, односно шест милиони километри.

Сепак, тоа е само „загревање“ пред пристигнувањето на астероидот, кој НАСА го нарекува 2020 KSU6, со големина на стадион, чиј дијаметар е 213 метри, односно е двојно поголем од Биг Бен во Лондон и два и пол пати од Статуата на слободата во Њујорк.

2020 KSU6 патува со брзина од 8,4 километри во секунда или 30,240 километри на час. Бидејќи обемот на Земјата е 40.075 километри, на астероидот ќе му треба малку повеќе од еден час да го „обиколи“ кругот околу нашата планета.

Се очекува оваа вселенска карпа да лета на околу четири милиони километри од Земјата на 22 февруари, така што човештвото засега може да се одмори.

Огромниот астероид наскоро ќе го следи 2020 BV9 (со дијаметар од 23 метри), кој ќе помине на растојание од 5,6 милиони километри, а 2021 CC5 (40 метри) ќе помине на околу 6,9 милиони километри од Земјата, според извештаите на RT.