Еве што треба да знаете кога ќе наполните 40 години

1706

Едно истражување направено на модерните жените кои моментално се на старост од 40 години покажува дека истите сте далеку посреќни и имаат повеќе самодоверба отколку во своите 20-ти години.

Исто така, покажало дека дури 56% од жените кои се постари од 40 години сметаат дека изгледаат помлади за своите години.

А, 88% изјавиле дека никогаш не се чувствувале подобро отколку во моментот кога наполните 40 години.

Повеќето од тие жени изјавиле и дека имале далеку подобар однос со партнерот, а и дека годините им донеле повеќе самодоверба.

Би било пожелно ова да го разберете пред да наполните 40 години

1. Грешките се неминовни. Прифатете ги вашите грешки, заборавете ги и не ги коментирајте туѓите.

2. Никогаш не сте престари за скок со падобран, да научите да пливате, да возите ролерки или да правите сè што ќе посакате.

3. Не слушајте што зборуваат соседите, слушајте се себеси. Тие не знаат кои сте вие, а уште помалку можат да зборуваат за вас.

4. Престанете да се грижите. Здравјето ви е најпотребно, а стресот и грижите го уништуваат.

5. Не можете да ги менувате луѓето. Можете да ги прифатите или да продолжите понатаму, без нив…