Необична зоолошка градина во Кина | Луѓето во, животните вон кафез

2304

Ако и вие сте од оние личности кои не сакаат зоолошки градини бидејќи не можете да сфатите што има толку забавно во гледањето затворени животни, тогаш оваа идеја без сомнение многу ќе ви се допадне.

Во последно време многу се зборува за заробеништвото на животните, бидејќи нивната природа е да живеат во дивината. Зоолошките градини не само што ги лишуваат од животот во нивната природна средина, туку и ги осудуваат на живот во затвор.

Но, изгледа дека оваа зоолошка градина во Кина нашла интересен начин да ги доближи луѓето до дивиот свет, без притоа да затвора животни помеѓу решетки. Станува збор за зоолошката Лехе Леду, каде што дивите мачки и другите животни, како мечките, слободно шетаат во просторот, додека посетителите се движат во кафези. На овој начин, луѓето имаат можност да го видат дивиот свет одблизу, без да чувствуваат жал за животните кои се заробени во мали кафези, како што се случува во повеќето зоолошки ширум светот.

„Ние сакаме на нашите посетители да им ја овозможиме возбудата која доаѓа со демнењето и нападот на дивите мачки, без ризикот, секако“, вели Чен Ланг.

Има парчиња месо кои се заврзани за надворешноста на кафезите кои се движат со посетителите, за да привлечат животни. Истовремено, зад решетките, тие се целосно заштитени. Исто така има и мали отвори на врвот, низ кои луѓето можат да им понудат храна на овие егзотични ѕверови.

Според Чен Ланг, сите посетители се предупредени да ги држат прстите и рацете во внатрешноста на кафезот, бидејќи гладниот тигар не би можел да направи разлика помеѓу нив и својот појадок. Имајќи го ова на ум, сепак концептот добил многу критики од оние кои сметаат дека е премногу опасно да се набљудуваат дивите животни од оваа близина. Некои дури и велат дека оваа необична атракција е „несреќа која чека да се случи“.

Но, и покрај сè, зоолошката градина изгледа секојдневно станува сè попопуларна, дури и покрај сите опасности. Всушност, откако била отворена, во 2015 година, сите билети се продаваат по 3 месеци однапред. Изгледа дека луѓето сепак преферираат да ги гледаат животните како слободно шетаат во нивната природна средина, отколку кога се затворени во кафези.

„Ова не може да се доживее во обичната зоолошка градина“, вели еден од посетителите. „Ние ги гледаме нив, тие не гледаат нас – и ние сме им ручек.“

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.