10 брутални и мистериозни убиства кои никогаш не се разјаснети

36

Повеќето од овие злосторства ќе ја смрзнат крвта во вашите вени.

Момчето од кутијата

Момче на возраст од четири до шест години е пронајдено во картонска кутија во 1957 година во северо-источна Филаделфија. Тој беше завиткан во ќебе, рацете беа внимателно свиткани над стомакот, а ноктите беа уредно средени. И покрај напорите на полицијата, ова злосторство никогаш не било решено, додека идентитетот на момчето остана засекогаш мистерија.

Убиство на американскиот рапер Тупак Шакур

По еден боксерски натпревар меѓу Мајк Тајсон и Брус Шелдон во Лас Вегас во 1996 година, непознати напаѓачи испукале 13 куршуми во автомобилот на славниот рапер Тупак Шакур и неговиот пријател Судс Најт, коосновач на Death Row Records.

Напаѓачот никогаш не бил пронајден, па дури и години по убиството, многу фанови развиле теории за тоа кој е виновен за неговото убиство. Главната теорија беше дека станува збор за рап пресметка.

Црната Далија

Холивудската старлета Елизабет Шорт (22) беше убиена толку брутално во 1947 година, што сликите за убиството беа скриени од јавноста. Нејзиното тело, кое било исечено во пределот на колкот, било пронајдено на запуштен плац во Лос Анџелес.

Засекот бил хируршки прецизен, а нејзините остатоци биле оставени во одредена положба, очигледно со умисла. И покрај бројните признанија и писма кои на крајот се покажаа лажни, случајот остана нерешен.

Новинарите ја нарекоа Елизабет Црна Далија, веројатно затоа што носеше црна облека кога последен пат беше видена жива. Нејзиното скандалозно убиство служеше како инспирација за бројни филмови и книги.

Убиства на фармите во Хинтеркаифек

Во 1922 година, шест лица беа претепани до смрт со стап на изолирана фарма Хинтеркаифек во Германија, па дури и две деца беа меѓу нив. Убиецот живеел на фармата со денови, пред да исчезне.

Масакрот на езерото Бодом

Во 1960 година се случи масакр на езерото Бодом во Финска, кога едно или повеќе лица убија тројца тинејџери со тап предмет, додека четвртиот кој беше со нив, Нилс Вилхелм Густафсон, преживеа. Водел нормален живот до 2004 година, кога бил осомничен и после тоа бил обвинет. Една година подоцна, окружниот суд го прогласи Густафсон за невин и сите обвиненија против него беа отфрлени, додека случајот за убиствата од езерото сè уште е вистинска мистерија.

Убиствата на Џек Мевосек

Џек Мевосек е прекарот на убиецот кој кон крајот на 19 век уби, а потоа распарчи најмалку пет проститутки во Вајтчапел, работничка населба во источен Лондон. Името го доби по писмото со наслов ,,До почитуваниот шеф,, кое пристигна во моментот на убиствата до Централната новинска агенција во кое сторителот се потпиша како Џек Мевосек. Неговиот идентитет никогаш не бил откриен и поради начинот на кој ги вадел органите на своите жртви, се сметало дека тој е хирург, месар или лекар.

Смртни случаи предизвикани од земање на лекот Тиленол

Во Чикаго, седум лица починаа во 1982 година по земањето на Tylenol, за кој се покажа дека содржи цијанид и кое непознато лице го инјектирало во лекот. Виновникот никогаш не бил пронајден, а фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ во тоа време се најде во големи проблеми, па го повлече лекот од продажба и го препакуваше.

Чудовиште од Њу Орлеанс: Ексман (човек со секира)

Во текот на 1918 и 1919 година, сериски убиец од Њу Орлеанс уби најмалку осум лица со секира (што во повеќето случаи припаѓаше на самата жртва). Тој се опиша себеси како демон од пеколот и по убиствата се изгуби секаква трага од него.

Автопатот солза

На најфреквентниот автопат во Канада, познат како автопатот солза, 43 млади жени мистериозно исчезнаа и беа убиени во периодот од 1969 до 2011 година. Полицијата никогаш не била во можност да ја реши оваа мистерија. На еден дел од автопатот е поставен знак за предупредување: Внимание! Девојки, не автостопирајте на автопатот на солзите, убиец на слобода!

Фантомски убиец

Во градот Тексаркана, Тексас, неидентификуван убиец кој секогаш носел маска нападнал осуммина и убил пет лица во 1946 година. Исто така познат како Фантомски колач, напаѓал жртви ноќе, но никогаш за време на полна месечина. Случајот служеше како инспирација за филмот „Градот што се плашеше од зајдисонце“ во 1976 година.