Почнете го денот позитивно – ќе бидете посреќни, поздрави и многу попродуктивни

168

Истражувањата покажале дека луѓето кои ќе го започнат денот во позитивно расположение, имаат поголема шанса така и да го завршат.

Ако веќе знаете дека почетокот на денот ќе има големо влијание на остатокот од времето, зошто би станале на „лева нога“?

Постојат мали работи кои можете да ги направите и кои ќе ви одземат само неколку минути, но во голема мера ќе влијаат на вашето расположение, ефикасноста на работното место и на вашето задоволство кога ќе ги сумирате впечатоците на крајот од денот.

Еве неколку предлози како можете да го започнете денот во добро расположение, а дури да не станете од кревет.

Одвојте неколку моменти за благодарност

Штом ќе ги отворите очите, набројте пет нешта за кои сте благодарни, можеби бидејќи сте прекрасна личност, имате одлични пријатели, одлично сте организирани… Има многу причини за благодарност, пронајдете ги вашите кои ќе ви го загреат срцето и ќе ви измамат насмевка на сè уште сонливото лице.

Угодете си себеси

Подгответе си шолја со омилениот чај и вратете се во креветот, прелистајте некое списание, гушнете го партнерот или децата и уживајте во моментот. Правењето нешто во што навистина уживате ќе ви помогне со задоволство да ги извршите и останатите обврски што ги имате во текот на денот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува со страна 2