Расцутен балкон

123

Сите што живеат во градовите знаат колку е скапоцено дa имате балкон или тераса.

Со малку фантазија и труд лесно тие можат да се претворат во надворешен простор кој во топлите месеци овозможува еднакво квалитетен престој како и во внатрешноста на станот.

Еве неколку совети како од вашиот балкон да направите мала оаза за уживање во пролетните и во летните месеци.

Никогаш не можете да претерате со цвеќиња – колку што ги има повеќе толку е побујно и пораскошно. Слободно играјте со боите на цвеќето, тие ќе донесат весел и раскошен впечаток на вашиот балкон.

Ако балконот ви е премногу изложен на сонце (на јужната или на западната страна) засенете го со природни материјали – бамбус, памучни ткаенини…

Мебелот за подолго седење на балконот нека биде пријатен и по можност од природен материјал бидејќи во спротовно пластичниот мебел во текот на топлите денови ќе се загрева и ќе биде непријатен за седење.

Според положбата на вашиот дом, се препорачуваат следниве видови свеќе.
За балконите на северозападната, северната и североисточната страна: бегонија, фуксија, хортензија, ползавец, бршлен.

За балконите на јужната, југозападната и југоисточната страна:
бегонија, петунија, кадифка.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.