Почнете го денот позитивно – ќе бидете посреќни, поздрави и многу попродуктивни

188

Поставете си нови цели

Поставете си мали цели кои ќе можете да ги остварите во текот на денот, без оглед дали се работи за помагање на некој непознат или купување појадок некому. Овие ситни задачи ќе ви го разубават денот.

Ширете среќа

Пред официјално да го започнете денот искорисете некоја минута за да им пратите порака на пријателите, да им се јавите на родителите или да му напишете порака на колегата што го цените. Освен што на другите ќе им помогнете да се чувствуваат фантастично, и вашиот ден ќе почне на одличен начин.

Истражувањата покажале дека кога мислите на луѓето кои ви значат и коишто ги сакате, значително можете да го намалите стресот или главоболката.

Испланирајте нешто забавно за крајот на денот

Размислете што би ве усреќило и ветете си дека тоа ќе го направите на крајот од денот. Дури и самата помисла на тоа во текот на денот може значително да ви го подобри расположението.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.