Почнете да ги помните вашите соништа

126

Многу луѓе се убедени дека не сонуваат, ама сите сонуваме бидејќи на тоа се темели нашето психичко здравје.

Најсликовито сонуваме во текот на епизодите на брзи движења на очите (РЕМ фаза). Кога изостанува таа фаза на спиење богата со соништа, во секојдневниот живот стануваме збунети и неспособни да извршуваме наједноставни задачи.

Има неколку начини за полесно да се сеќавате на своите соништа.

Како полесно да сонувате?

Првиот чекор е создавање на смирувачки амбиент за спиење. Од спалната соба треба да ги исфрлите сите непотребни пречки. Телевизорот, компјутерот и останатите електронски уреди можат претерано да го возбудат уморениот ум и така да ви го отежнат влегувањето во длабокиот сон што одмора.

Затоа погрижете се да ви биде што попријатно и да бидете опуштени, па дури потоа спуштете ја главата на перницата.

Кога ќе се разбудите, приближно една минута не ги отворајте очите и не се помрднувајте, бидејќи кога ќе се помрднете сликите од соништата ќе почнат да бледнеат.

После пет минути околу половина од нив ќе се претопат со несвесната свест, а после десетина минути повеќето од нив ќе ги снема.

Почнете да ги помните своите соништа!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.