Јаткастите плодови за подобро здравје

918

Со консумирањето на продуктите како лешници, ореви, бадеми, ф’стаци и индиски ореви, пет или повеќе пати во неделата, е поврзано со намален ризик од овие болести.

Нутриционистите велат дека ризикот од хронични болести и неправилна исхрана може да се намали, доколку се успее да се делува на луѓето, да го заменат грицкањето калорични чипсови, со четвртина чаша на јаткасти продукти дневно.

Без разлика на тоа што јаткастите производи претставуваат додатни 250 калории за организмот, оние кои практикуваат да ги јадат немаат проблеми со тежината. Дури се смета дека, помагаат во одржувањето на тежината поради тоа што содржат незаситени масти и протеини, кои предизвикуваат чувство на заситеност.