Научниците развија потенцијално нов метод за ограничување на растот на туморите, користејќи имуни клетки, познати како макрофаги, соопшти УПИ.
Научниците од Институтот Скрипс во Калифорнија откриле дека макрофагиte можат да си пробијат пат во туморите, за да создадат нови патеки за пренесување на кислород и хранливи материи.
Макрофагите се вид бели крвни зрнца, кои апсорбираат клеточни остатоци и други странски супстанции, за да го одржуваат имунолошкиот одговор. Истражувачкиот тим е на мислење дека тие исто така можат да се претворат во оружје против потенцијални канцерогени агенси.
“Ова може да послужи како основа за цела нова терапевтска стратегија за борба против туморите”, изјави шефот на тимот Мартин Фридландeр.
Претходните истражувања покажаа дека клетки можат да создадат слични на крвните садови структури во туморите. Сега научниците потврдија дека виновни за тоа се макрофагите кои можат да навлезат во солидни тумори, вклучувајќи во глиобластом. Новото истражување е извршено со глувци.
Авторите прецизираат дека креирале магрофаги структури кои се разликуваат значително од крвните садови, иако имаат и некои сличности со нив. “Архитектурата” им се разликува од онаа на крвните садови“, појасни коавторката на истражувањето Фејт Барнет.
Научниците истакнаа дека добиените резултати објаснуваат зошто некои антиканцерогени лекови се помалку ефикасни отколку претходно се очекувало.
Резултатите од истражувањето се објавени во Scientific Reports.