Размислувајте како нив
Поставете се на нивно место, барем за момент. Што сакаат? Да сте на нивно место како би се чувствувале? Ова е од голема помош, бидејќи многу луѓе гледаат само од еден агол – својот.
Не им се спротивставувајте
Ако се спротивставувате и другите ќе ви се спротивставуваат. Поминувајте повеќе време заедно за подобро да сфатите на кој начин тие гледаат на работите и прашајте ги за она што не го разбирате од тоа што го прават.
Бидете отворени за сите лекции
Во повеќето случаи, постојат многу важни животни лекции кои треба да ги научите од зближувањето со проблематичните луѓе. Тоа ќе ви покаже во какви односи сте со луѓето воопшто, како постапувате во конфликтни ситуации и што предизвикува тоа кај вас. Обрнувајте повеќе внимание на она што ќе го научите, отколку на самата ситуација.
Поврзете се
Понекогаш можете да ја смените темата и да се согласите со проблематичниот колега во врска со нешто што не е поврзано со работата. Преку тоа повремено согласување ќе воспоставите поинаква поврзаност. Откријте кои ви се заедничките работи и кога ќе можете истакнете ги.
Променете го шаблонот
Луѓето сè почесто се однесуваат како роботи. Многу лесно се возбудуваме и често реагираме повеќе на сликата која сме си ја создале во главата, отколку на конкретната ситуација. Кога треба да се изборите со проблематичните личности отстапете од шаблонот и поставете му прашања кои не се поврзани со темата за која зборувате. Ова ќе ја неутрализира неговата ментална приказна, а вие ќе можете да ѝ пристапите на ситуацијата подиректно наместо одбранбено.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















