Сите состојки на овој чај се природни, а неговата главна карактеристика е што го намалува апетитот.
Овој чај со право се нарекува подарок за сите љубители на здрава храна.
Потребно
- Половина литар вода
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 2 ловорови лисја
- половина лажичка семе од ким
- половина лажичка цимет
Измешајте ги сите состојки, освен циметот, и варете околу половина час. Тргнете го од оган, додадете цимет и оставете го 5 минути да се излади. Процедете и испијте.
Препораки
- Направете литар чај или повеќе истовремено, а потоа загрејте го во микробранова печка и кога сакате да го консумирате.
- Вкусот на чајот зависи од количината на состојки што ќе ги додадете. Циметот дава арома на чај и доколку ви се допаѓа овој вкус, слободно додадете повеќе цимет.
- Внимателно додајте го ловоровиот лист, бидејќи ако претерате, чајот може да биде пресилен.



















