Американски аналитичари | Како да се спасите од ракетата „Циркон“ која за 60 секунди прелетува 160 км? Видео

1822

Руските хиперсонични ракети „Циркон“ претставуваат исклучително голема опасност за американската воена морнарица. Тоа пред сѐ се однесува на носачите на авиони, бидејќи оваа ракета е наменета за токму такви задачи.

Се работи за проектил способен да достигне незамислива брзина од 11000 км/ч. Токму оваа брзина не остава ни најмалку време за евентуална реакција на системите за ПВО/ПРО.

Американските воени експерти ја споделија својата сериозна загриженост по повод скорешната појава на новата руска хиперсонична ракета „Циркон“ со читателите на сајтот Popular Mechanics.

„Се наоѓаме на чекор од почетокот на нејзиното сериско производство. Првата ракета „Циркон“ најверојатно ќе ја добијат офанзивните нуклеарни подморници од класата „Јасен“. Нејзините практични тестирања ќе бидат извршени следната година, а ќе ја лансира атомската подморница „Казањ“, пренесува порталот Marsonline.

Гигантската брзина на оваа ракета го прави невозможно нејзиното соборување, затоа што не остава практично ни најмалку време за реакција. По стартот, „Циркон“ е во состојба да одлета многу брзо на висина од 30 км и да се устреми кон целта. При брзина од 8 маха ракетата за само една минута може да прелета растојание од 160 километри. Моќниот радар за набљудување SPY-1, кој е интегрален дел на ПВО/ПРО-системот Aegis (се наоѓа на американските ракетни крстосувачи од класат е Ticonderoga) може да детектира опасност на оддалеченост од 300 км. Се разбира, ова е податок кој се однесува на цели што летаат на голема висина. Значи, во најидеални услови, американскиот крстосувач мора да организира пресретнување на забележаната цел во наредните две минути, за да не биде погоден, пренесува интернет-порталот РГ.

Но, ако „Циркон“, како и другите противбродски ракети од руско потекло, лета кон својата цел на исклучително ниска висина, тогаш нејзиниот погодок е неизбежен! Имено, радарот SPY-1 открива ваков тип на цели на само 50 км. Тоа значи дека на екипажот на бродот му остануваат само 20 секунди да ја пресретне ракетата, што е невозможна задача.

Кое е решението?

Продолжува на страна 2