Тестенини со кинески зеленчук.
Состојки
- вреќичка со замрзната мешавина од кинески зеленчук
- 1 вреќичка тестенини
- 1/2 пилешки гради
- соја сос
- сладок и кисел сос
- маслиново масло
Подготовка
Исечканите пилешките гради во соодветни ленти ставете ги во сад со соја сос и слатко-кисел сос и оставете ги таму најмалку 15 минути додека не се изедначат вкусовите. Ставете околу 2 лажици маслиново масло да се загреат во тава и додадете ги пилешките гради и оставете ги да поруменат, а потоа извадете ги и ставете во чинија.
Во подлабока тава ставете 2 лажици маслиново масло и оставете ја да се загрее, а потоа ставете ја смесата од замрзнат кинески зеленчук. По 8-10 минути додадете го сосот од соја додека зеленчукот не добие малку кафеава боја. Додате ги пилешките гради и мешајте уште неколку пати.
Во меѓувреме, подгответе тестенини како што е напишано на пакувањето: во 400 мл топла вода додадете тестенини и оставете ги околу 5 минути, лесно мешајќи и додавајќи неколку лажици маслиново масло.
Украсете ја чинијата со дел од тестенините и дел од зеленчукот со пилешките гради.